Занимливости и информации Психолошко катче

Боењето опушта, смирува и влијае врз менталното здравје

Боенките за возрасни веќе одреден период се популарни, а можат да се купат секаде. Тие опуштаат и се добри за психата.

Истражување од 2017 година, спроведено во Нов Зеланд, покажало дека цртањето во линии ги намалува стресот, депресијата и анксиозноста. Дневно се потребни само десет минути боење за да се намали стресот, а со оваа активност исто така се подобрува и креативноста на оној што бои.

– Мислам дека боенките се навистина добри кога сакате да се опуштите и да не размислувате за ништо. Само треба да се фокусирате на она што се наоѓа пред вас и на боењето во линиите. Дефинитивно е медитативно. Дури и ако подоцна само ги разлисувам страниците, тоа е добар потсетник дека сè е минливо – истакнува Оливија, која пати од анксиозност.

Таа додава дека подоцна гледа во боенката и точно знае во која состојба била во одреден момент според начинот на боење.

За Оливија и за луѓето како неа, боењето не е само популарен тренд или детска занимација. Оваа активност значително влијае врз нивната ментална состојба и им помага во смирувањето.

Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје