Литература Македонска поезија Поезија

Раселена земја

Во карпите се позлатеа фреско-живописните ореоли

И во твоите пештерски одаи сакаше да се протне светлината

Натежнале рибарските мрежи беловица

А езерската шир се раширила подалеку од твојата ораница.

 

Пчелите  собираа сладок нектар од твоите мирисливи јорговани

А белите липи ја опеваа твојата душа,

Врбите во далечното Солунско поле

Натежнато ги собираа своите гранки не можејќи да се растегнат на север.

По Вардардието, дувал тивкиот Вардарец

За да се налее од Црна Река, древниот Еригон

Од познатото Мариово

Од таа дива убавина, од итарпејовската престолнина.

 

Осамените карпи под Варошот

Го дишеле воздухот на Марко праведникот

Кој го скокал Шарца од Марков манастир

Па се до града Костура и града Битола.

 

Градот со седумдесет манастири, на боемските мераклии

Опеан во песните, кој гордо се извишува под зелениот Пелистер,

Каде вино цел ден се наливало од тиквешките слатки насади

И сјај во очи им давало на славо – појачите!

 

Да се напијат од твојата убавина

Можат само тие што ја виделе,

Што се искачиле на Кајмакчалан

Што твојата моќ ја почувствувале

Што го слушнале жуборот на Брегалница

Што ја допреле твојата свила зелена.

 

Остануваш да опиваш како вино рујно црвено

Остануваш да бдееш мајка која ги чека

Своите разлутани синови

Своите ќерки раселени                        

Отуѓени,  овенати, како јато бели гулаби.

Жива била и вековита Македонијо!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје