Без неа сум како пустиник без вода
Мелодија хармонична
Ме буди и заспива тивко
Дур светот војува гласно безобразно
Ноти брзалици,
Ми се мислите и зборови
Повреди ме дрско,
Војувам со де-мол и ге-дур
Дур,
Оружје ми е клучот виолински
Боли повеќе од зрно олово
Испробај ме!
Четири-четвртински виорам во поход
Низ животот со падови и успони
На крајот од денот закрепнувам
При алегро дур метрономот не се измори
А во сонот, мелодијата продолжува одново
До утрото нерасонето и збунето
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.