Живеев во едноставен амбиент
И во опасна амбиваленција
Во потчинетост на апсурдот
Во стравотен нихилистички аморал
Во еднонасочен монотон амбис
Во бесцелна аморфност.
Сега постојам.
Постојам во потполна автономија
Како потполн автодидакт.
Во моја автентичност,
Во моја амбиција
Со моето големо почетно „А“.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.