Душа, тело, ум Занимливости и информации Општо Психолошко катче

Денес е светски ден на менталното здравје

Нема подобро чувство од добро здравје, мир, спокој и благосостојба. Кога умот и телото се во совршена хармонија тогаш среќата е неизбежна, а блескавиот изглед и задоволното лице перфектно ја репрезентираат истата. За жал сите од нас барем еднаш во животот сме се бореле да го „вратиме“ своето здравје какво што било претходно.
Што е здравје, а што болест?
Ако болеста е отсуство на здравје, а здравјето отсуство на болест тогаш потребата да се биде со добро здравје и без присуство на болест е најпосакувана.

Здравјето треба на сите да ни биде најважен сегмент по кој ќе го мериме квалитетот на сопствениот живот. Колку е подобро здравјето толку поквалитетно би требало да биде и самото живеење. А, колку е поквалитетен животот толку е поголемо задоволството од него. За мерење на задоволството од квалитетот на животот постојат специјално креирани скали и мерни инструменти со кои се занимаваат психолозите. Како што вели и самиот наслов, денес 10-ти Октомври е денот кога се одбележува светскиот ден на менталното здравје.

Ние не само денес туку и во сите останати 364 денови треба да водиме грижа за менталното здравје бидејќи тоа е подеднакво важно како и физичкото. Нека менталното здравје биде приоритет во секојдневието, а потоа и телесното. Знаеме колку е важно човекот да се ослободува од стресот што го носи брзиот начин на живот, па затоа постојат многу начини и техники за релаксирање . Како што еден обичен дијабетичар се бори против високото присуство на шеќер во крвта, исто така и оние кои патат од депресија, анксиозност или други ментални нарушувања треба да се изборат со својата состојба. Иако за лекување потребни се различни пристапи.

Менталните нарушувања не смее да се прифаќаат и „лепат“ како „етикети“ бидејќи тие не ги дефинираат луѓето што патат од нив

Долго време во научните кругови се воделе различни дебати за менталните нарушувања, за нивните симптоми и поделби. Би рекла дека тие се само еден вид на поинаква душевна состојба, а не болест! Бидејќи она што се случува во мозокот, перцепциите, когницијата, размислувањето, помнењето, па и аудитивните, визуелните и тактилните халуцинации не можат да бидат измерени ниту да се согледаат визуелно кога некој ги доживува (освен нивните репрезентации, но сепак не можат да се докажат). Според мене менталните „нарушувања“ или „растројства“ да не се карактеризраат како ментални болести туку да се наречат „видоизмената душевна/ментална состојба“ која не е во границите на нормалата.

Сега се поставува прашањето, што е нормално, а што не? Постојат многу појдовни основи за продолжување на дебатата. Темата е деликатна и комплексна, затоа не смее да се сфати несериозно. Токму затоа потребна е сериозна анализа, истражување и консултација со експерти. Се радувам што низ годините темата за менталното здравје кај луѓето станува позастапена. Постои напредок во рушењето табуа околу истата. 

Рушење стереотипи и предрасуди

Да продолжиме во насока на рушење  стереотипи. Да продолжиме да зборуваме отворено за менталните „видоизменети состојби“ поотворено и без срам, и предрасуди. Постои напредок по ова прашање во нашата земја. Време е луѓето да не се срамат да побараат психолошка и соодветна психијатриска помош во моменти кога им е најпотребна, без страв дека ќе бидат осудувани или озборувани од околината. Чиста вистина е дека луѓето секогаш можат да зборуваат за сè што правите, било позитивно или негативно. Но вие не живеете од, за и поради туѓото мислење, па така најважен чекор при грижата за своето здравје од надворешни влијанија е “кога не ве допира ниту интересира туѓото мислење за вашиот живот“.

Сакав да ви посакам добро ментално здравје и уште подобар живот. Грижете се за себе на сите можни начини. Негувајте ги вашето тело и вашиот ум! Грижата за нив никогаш нема да излезе од мода. Бидејќи телото и умот се единствениот ваш постојан дом кој го носите насекаде со вас. И тие се поврзани на секаков начин. Нека домот ви биде топол, хармоничен, исполнет со среќни моменти и задоволувачки мигови, и нека го извади најдоброто од вас! Чувствувајте се убаво во своја кожа каде и да одите, и запомнете: вие сте господар на вашиот ум, вие ја имате контролата над вашиот живот и она што ви се случува, и единствено вие сте одговорни за грижата за „домот“.
Направете тој да биде најпријатен за престој. Среќен ден на менталното здравје!

 

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје