Литература Македонска поезија Поезија

Друга половина

Дали се познавате од дамнината на спомените?

Дали се спознавте во соништата на бесмртните ноќи?

Никој не ја спознава другата половина

Ако не ја познава онаа својата, прикриената,

Онаа која не ја дознава ни пред смртниот час

А треба, треба гласно да се изговори

Те познавам!

Те познавам уште од предвремението

Од времето кога те немаа измислено ни на другата страна на просторот

Од времето кога ја немаше откриено светлината

Од времето кога беше непадната ѕвезда

А сега го сјаеш секое мое утро

И те чувам во срцето

И мора да те спознам пред да дојде смртта

Зошто те чувам во срцево, но не те познавам

Не сум те изговорила гласно

Да те чуе светот

И ќе те изговорам пред смртниот час

За да останеш овде,

Во овој простор, во ова време, на страната од животот.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје