Вашиот глас Литература Проза

Изгубена Љубов

Осамена, а не сум сама. До мене си, а сепак празно е… Празна душа, празно срце, градиве ќе пукнат од болката насобрана. Здивот ми се губи штом помислам на тебе, а пак еден допир би ме стопил цела. Но помина тоа време на допири, бакнежи и насмевки, сега останаа само бледи спомени.

А, се плашам дека овој Декември ќе однесе сè што имавме, сè за што сонувавме…

Што се случи ни сама не знам…

Љубовта доаѓа, боли па си оди, но сепак среќна сум што остави дел од тебе во таа мала ѕвезда што ме буди секој ден.

Автор:
Псевдоним: Заљубена-изгубена

02.12.2019

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје