Skip to content

Трепет – Маја Малиновска

21.02.2011

На ѕидот се навираат солзи. Продирам во Ѕидот на плачот.
Тука ги оставам моите аманети во времето.
Дали времето ме слуша и ме гледа?
Не знам.
Но, гледам како поминува.
Дали создавањето е само момент од вечноста?
Знам.
Те создадов во моментот на несреќата која премина во вечност.
Те воскреснав со животов.
Те замислив со прекривката на соништата.
Те очекував без очекување.
Без надеж.
Само со помисла дека времето поминува во вечност
И не сакам веќе да го чувствувам.
И не сакам  повеќе да го гледам.
Сакам само да го треперам.
Во моментите кога те оживувам од страната на животот.

Напишете коментар