Само ТИ

Подобро од вчера ги отворив очите.

Сонцето ме милуваше уште во зорите,

Подобро од вчера те погледнав

Како се смешкаше низ облаците

Затскриен и толку милостив.

Подобро го осудив твојот чин

Кој драстично се повторуваше

Сѐ до мојата рамнодушност,

Подобро ми се појасна мојата нејасност

Кога го  открив твојот поглед во лелеaвата кондензирана пареа

На сенишната стварност.

Почујно го слушнав гласот на двете сказалки на часовникот

Кој отчукувајќи четири единици

Еден

Еден

Еден

Еден

Кажуваат дека ме гледаш и

Дека се смееш,

Потајно знаев дека тоа си ТИ

Ти чукаш низ сказалките како кога на окултна табла

Пребарувам заспиени духови,

Само ти ме милуваш од облаците

Само ти ја знаеше мојата животна патека

 Кога ме измисли уште пред да се родам.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!