Skip to content

Нашиот блог е номиниран за најдобар блог за 2019-та година!

Како лани и оваа година блогот доби номинација за најдобар блог/сајт на годината. Нам ни претставува огромна чест што повторно се наоѓаме на „листата“ покрај другите македонски сајтови/блогови.
Сакаме да соопштиме дека ни е драго што некој го препознава тоа што го правиме и што остануваме „забележани“.
Драги читатели без вашата поддршка и без вашето „учество“ во градењето на нашите содржини и ширењето на „пишаниот збор“ блогот немаше да биде тоа што е.
Ви благодариме на сите што од самиот почеток сте со нас и будно нѐ следите (и на останатите социјални мрежи) и учествувате во сите активности што ги подготвуваме. Изразуваме благодарност и до Сајт на годината за укажаната можност.

  • Што бараме од вас?

    Доколку сметате дека нашиот Блог ја заслужува титулата „Најдобар блог на 2019 година“ тогаш треба да го дадете вашиот глас преку едноставно гласење (доделување поени).
  • Ќе го отворите следниот линк и ќе излезат следните инструкции:
    Начин на гласање:
    – Треба да се пријавите со Вашата е-пошта за да можете да гласате.
    – Откако ќе се пријавите, на Вашата е-пошта ќе пристигне линк за гласање.
    – Од линкот можете да гласате само еднаш.
  • Откако ќе пристигне линкот за гласање во категоријата го кликнувате и тој ве води кон списокот со категории и ја одбирате категоријата Најдобар блог каде што ќе имате можност да гласате за три сајтови/блогвои, со 2, 6 и 10 поени.
  • Ако сметате дека заслужуваме да бидеме избрани за „најдобри“ оваа година, бидете великодушни и нескромно ве покануваме да гласате за нас со 10 поени 🙂
  • Ви благодариме на вниманието и на вашите одвоени минути за да го спроведите гласањето!
  • Изборот останува во ваши раце, нека бидат избрани најдобрите!

Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2019 година ќе се одржи на 17.12.2019.

Напишете коментар