Кога помислуваме на Чарлс Дикенс, помислуваме на „Оливер Твист“, романот со кој се здоби со светска слава. Но, сега за време на Новогодишните и Божиќните празници, да се потсетиме на едно убава детска сказна, неговиот роман „Божиќна приказна“ која ја потхранува детската имагинација и чијашто популарност не стивнува ни денес.
Објавен е во 1843 година. Во тој период во Англија станува популарно пеењето божиќни песни, пишувањето на новогодишни честитки и китењето елки. Овој обичај го носи германскиот принц Алберт, сопруг на кралицата Викторија за кого таа се омажила во 1838 година.
Чарлс Дикенс со својата приказна сакал не само да го охрабри усвојувањето на овие обичаи, туку и да ги охрабри луѓето да бидат дарежливи во тоа време од годината и да ја носат таа великодушност во срцето во текот на целата година. Дикенс многу сочувствувал со сиромашните и се надевал дека „Божиќната приказна“ ќе ги направи луѓето подарежливи, исто како што на крајот станува неговиот лик Скруџ.
Вистински лик
Овој лик е базиран врз вистински лик, односно на еден познат политичар од 18 век, Џон Елвс, кој бил голем скржавец и живеел како бездомник и покрај тоа што имал големо богатство.
Скруџ е старец без топлина во срцето
На почетокот на приказната, Скруџ е необичен старец кој воопшто нема топлина во срцето, односно не го носи божиќниот дух, духот на светлината и дарежливоста. На Бадник го посетува духот на неговиот починат деловен партнер, кој сака да му помогне да ја избегне неговата судбина и страдањата што мора да ги издржи по неговата смрт. Му кажува дека ќе го посетат три духа кои ќе му помогнат да го најде божиќниот дух.
Духот на минатото
Првиот Дух, духот на минатото му ги прикажува сите осамени Божиќни ноќи кои ги минувал како дете, но и среќните моменти кои ги имал за време на Божиќ како младо момче. Потоа доаѓа времето кога почнува да го губи својот Божиќен дух и станува се поалчен и поалчен и одбива да им помогне на сиромашните.
Духот на сегашноста
Следен е Духот на Божиќ на сегашноста кој му покажува како неговите пријатели го слават Божиќ и како и тој треба да го прославува и тој кажува дека со Божиќ се шири радоста и се уништуваат незнаењето и лошите желби на луѓето.
Духот на иднината
Следниот и последен посетител е Духот на иднината. Тој е застрашувачки дух кој му ја покажува неговата судбина ако не се премисли и промени во меѓувреме. Освен ако не се промени целосно и стане дарежлив, стане љубезен и сочувствителен, тој ќе умре сам и никој нема да жали за него.
На крајот Скруџ ја учи својата лекција и станува дарежлив. Каде и да оди, тој ја шири Божиќната радост и среќа и не учи како да го негуваме Божиќниот дух во текот на целата година.
Критика на капитализмот
Романот е критика на бездушното британско капиталистичко општество од 19 век, но наликува многу на светот во кој денес живееме.
Да ја шириме радоста, љубезноста и да бидете дарежливи и да ги негуваме овие алтруистички вредности секој ден, а не само на Божиќ како што ни порачува Чарлс Дикенс!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.