Skip to content

Боја на море

Боја на море. Боја на песок, на зрнца песок….

Никој не сака лелеави сказни за лелеави соништа

Опколени со водени шир каде нема остров, нема утеха за благодатта

Има само сончев зрак кој понекогаш дава доволно силина за живот.

Но толку мала што само можеш да дишеш без апарат

Посакувајќи да го издишеш сѐ она што ти влегло во белите дробови

Но немаш доволно,

Но немаш доволно……

Бојата на небото е тогаш твоја

Таа била сфаќаш онаа на морето

Таму е твојата утеха, таму е другиот живот

Онаму каде воздушниот шир нема потреба од утеха и сонце

Онаму каде утехата и сонцето значат живот.

Напишете коментар