Ѝ го дадов моето Срце
Ми го врати по некој ден
Положено на нејзини раце
Бавно чукало ми рече
Не ѝ се допаднал ритамот
Се чудев зошто е тоа така
Додека во позадина свири Б.Б Кинг
Ѝ го дадов мојот Ум
И мечтите мои со него
Ми го врати по некој ден
Исцрпен, без грам мисли во него
Неразбирлив бил, ми рече
Не ѝ се допаднал просторот
Но како кога уникатен е
Несфатлив за секого, за неа
Се решив да ѝ ги дадам и моите Раце
Ми ги врати по некој ден
Премногу гушкале ми рече
Останала без здив
Притоа ѝ ги дадов и моите Стапала
Ми ги врати по некој ден
Не можела да го следи чекорот
Премногу уживале пешачејќи по полјаните
Зарем не сакаш да бидеш и ти слободна…
На крај решив да ѝ ги дадам и Очите
Ми ги врати по некој ден
Не ѝ се допаднал светот мој
Премногу боемски и бил
Решив да си ги задржам за себе
И светот да го освојувам дур пишувам
За боемштината
За уметноста
За музиката
И полјаните распослани по светот бел
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.