Македонска поезија Поезија

За…

Жиците оживеаја дур,

Ревносно задлабочен Estas Tonne

Ја буди бохемијата во моментов

Помислувам на калдрми и маала

На липите опојни

На насмевки, погледи и глад

За среќа

Размислувам, за досега

За слободните од

Жижков, Сохо, Ексарија и Табан

За Чаршијата со мирис на старо дрво

На распалена пура, налеано вино

и уметниците распослани по кафулиња

За Среќа

Ми доаѓа да викнам на глас

Viva la bohemia… haute bohème

До утринските часови, до последна песна

И почеток на новиот ден и година нова

Со новите пишани стихови посветени

За среќа

За поетите кои душа внеле во стиховите за…

За трубадурите кои срце дале за уште една…

За уметниците кои сликале до последна…

Viva la bohemia

Pour toujours

За среќа во новите две дваесет-ки

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје