Додека пак вашите пријатели коишто се љубители на книги ве гледаат, но со поинавки очи бидејќи дефинитивно биле во истата ситуација претходно.
Помеѓу вистинските „зависници од читање“ секогаш ќе постои природен спој бидејќи тие навистина меѓусебно се разбираат многу добро.
Тоа значи дека првите не можат во целост да ја разберат суштината на вашето „хоби“ додека вторите го живеат со вас и го прават речиси истото што вие го правите.
Без разлика дали сакате да читате фикција, книги за млади, есеистика или кој било друг жанр од многубројните останати, самиот факт дека ги сакате книгите е доволен за да бидете класифицирани во посебна група на луѓе. Без гајле, сите ние што ги почитуваме книгите во целост ги разбираме сите ваши необични навики…дури и ако другите не ги разбираат.
1. Ги оставате книгите насекаде
Имате полица за книга, но (признајте) дека ги оставате книгите на многу необични места. За вас нема ништо невообичаено да се разбудите, да се свртите во креветот и да се најдете меѓу куп романи кои сте ги оставиле помеѓу покривачите. И, практично секој слободен простор во вашиот дом е исполнет со книги.
2. Во состојба сте во целост да го пропуштите разговорот бидејќи сте задлабочени во читање
На некои луѓе им се потребни мир и тишина за да можат да читаат, но вие можете да се впуштите во страниците до тој степен што би го пропуштиле цел разговор. Пријателите можат да ги земат вонземјани и да ги вратат, а вие? – И понатаму би читале.
3. Многу сте штедливи…Освен кога се во прашање книгите
Многу добро се снаоѓате со парите…сè додека не влезете во книжарница. Одеднаш, сте фрлиле премногу пари купувајќи некое преубаво издание на „Гордост и предрасуди“ кои ви е ПОТРЕБНО. Да не споменуваме дека дома веќе имате купиште од книги кои допрва треба да ги прочитате, високо речиси колку Ајфеловата кула во Париз.
4. Поминувате часови во книжара или библиотека
Кога зборуваме за книжарници вие сте во состојба таму да поминете со часови. За вас библиотеките се речиси како црни дупки. Влегувате во библиотека уште наутро, а кога ќе излезете веќе во голема мера паднал мрак. Сепак, за вас не постои посреќно место од соба полна со книги.
5. Невообичаено долго зборувате за тоа како книгите мирисаат
Секој љубител на книгите барем еднаш во животот имал моменти кога искрено му се восхитувал на мирисот на книгите.
6. Зборувате за измислените ликови како да се реални
Сте имале долги разговори со други љубители на книги и измислени ликови како да станува збор за вистински луѓе бидејќи на некој начин тие за вас се реални. Меѓутоа кога ќе ве прашаат оние што не ја делат истата склоност, вие ќе се обидете да објасните. Тие се навистина збунети од вашата интензивна посветеност со приватниот живот на некој што постои само помеѓу страниците. Нема врска: нека бидат збунети. Вие добро знаете колку е тоа навистина важно.
7. Имате многу специфичен начин на подредување на книгите
Некои од вас своите книги ги редат по азбучен ред, некои по боја, а некои имаат и комплициран систем на составување во однос на моменталните фаворити. Каков и да е вашиот систем, вие мразите кога тој ќе се измести и имате специфични барања кога е во прашање естетиката на вашите книги.
8. Влегувате во „жолчни“ расправи за книжевноста
Доколку некој не ја сака вашата омилена книга вас тоа ви е сосема доволен повод за отворена расправија. Кога ќе размислите малку подобро малку работи ви ја зовриваат крвта како што тоа го прави книжевната расправија.
9. Имате цврсти ставови за екранизација на книгите
Кога веќе зборуваме за расправија чија тема се книгите, сте воделе и неколку такви поврзани со екранизацијата. Без оглед дали адаптацијата ви се допаѓа или не, ако станува збор за вашата омилена книга вие сигурно имате свое мислење за самиот процес. Исто така, им замерувате што не ве повикале да ја толкувате главната улога.
10. За обележувач користите сè што ќе ви дојде при рака
Имате веќе цела колекција на обележувачи што сте ги собирале со текот на времето. Некои ви биле подарени, некои сте ги добиле во комплет со книгата, некои сами сте ги изработиле или купиле, но сите тие не ги користите. Наместо да земете некој од нив вие го земате она што најпрво ќе ви падне во очи: тоа може да биде пенкало, фискална сметка, некое малечко ливче што ви е во близна. Едноставно сите останати предмети на дофат на рака што ги собира помеѓу страниците.
11. Имате создадено сопствен ритуал кој не сакате никој да ви го прекинува
Не е воопшто важно дали станува збор за одредување на времето и местото на читање, вие имате сопствени омилени места на кои најмногу сакате да го правите тоа. Притоа, имате создадено навика вметната во ритуалот, а е поврзана на пример со пиење на кафе или чај во најомилената шолја. И мразите ако некој се обиде да ви го попречи „процесот“, па најчесто тие што ќе се обидат бидуваат игнорирани (се правите дека не ги забележувате) или им објаснувате дека сè останато може да почека додека не завршите.
12. Најомилен подарок на сите времиња ви бил и ќе ви биде КНИГА
Отсекогаш сте се радувале кога некој ќе ви подари книга, бидејќи таа за вас претставува еден од најскапите подароци што можат да се купат со пари без оглед на цената. Бидејќи таа не е само обична хартија со ишарани букви внатре во неа, вие ја гледате со многу поинакви очи – во неа гледате животи, историја, вредност, значење, среќа, љубов, труд, сведоштво за постоење на некој од другата страна во чии мисли можете комотно да „се заборавите“. Ова е поврзано со вашата љубов на подарување на истиот омилен подарок. Едноставно уживате да подарувате книги на вашите блиски и пријатели што сакаат да читаат. Уживате во процесот на бирање, пишувате кратка посвета, однапред ѝ се радувате на реакцијата што ќе ја имаат кога ќе ги изненадите. Тоа знаете да го направите и без да постои повод. Таквите „знаци на внимание“ насочени и кон вас ви се најомилени.
13. Пакувате куфер полн со книги
Така е! Неопходно е да се имаат два куфери: еден за потребните работи и другиот за книги. Иако другите не ве разбираат, вие знаете колку е важно да бидете подготвени, а да се биде подготвен значи да се има доволен материјал за читање при рака.
Постојат уште многу чудни навики поврзани со читањето кои вистинските љубители ги прават и ги разбираат, слободно споделете ја вашата навика во коментар.
Прочитајте ги и овие факти за книгите што сигурно ќе ве интересираат!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.