Харуки Мураками е еден од најпознатите современи јапонски писатели надреалисти и добитник на престижни книжевни награди. Неговите книги и раскази се бестселери во Јапонија, но и на меѓународно ниво со преводи на неговите дела на 50 јазици .
Мураками е роден на денешен ден (12.1.1949) во Кјото, но поголемиот дел од своето детство го поминал во Кобе. Неговиот татко бил син на будистички свештеник, а неговата мајка била ќерка на трговец од Осака. Двајцата предавале јапонска книжевност.
И покрај тоа, Мураками повеќе го интересира американската книжевност, што го издвојува од главната струја на јапонски писатели.
Студирал драма на универзитетот Васеда во Токио каде ја запознал својата идна сопруга Јоко. Неговото прво вработување било во продавница за грамофонски плочи. По завршувањето на студиите во 1974 година, отвора џез бар Питер Кет (Peter Cat) во Токио, кој работи сè до 1982 година. Темата на многу од неговите романи, како и самите наслови, се поврзани со музиката: „Играј, играј, играј“ (од групата Делс (The Dells)), „Норвешка шума“ (според песната на Битлсите) и „Јужно од границата, западно од Сонцето“ (првиот дел е наслов на песната од Нет Кинг Кол).
Тој почнал да пишува во своите рани триесетти години. Како што сам рекол, гледајќи бејзбол натпревар, одеднаш почувствувал необјасниво вдахновение за пишување на својот прв роман „Слушај ја песната на ветрот“, 1979 година. Неколкуте наредни месеци пишувал само по неколку саати после завршувањето на работниот ден во барот, така што успевал да напише само кратки поглавја. Откако го завршил романот го испратил на единствениот конкурс кој сакал да прифати дело со таква должина и освоил награда.
Овој првичен успех го охрабрил да продолжи со пишување. Година дена подоцна го издава продолжението „Флипер“ во 1973 година. Во 1982 година го издава „Лов на дива овца“. Во 1985 година го објавува „Тврдо варена земја на чудесата и крајот на светот“.
Повеќе за неговоиот живот и дела можете да прочитате тука.
По повод неговиот роденден денес одбравме негови цитати што содржат мудрост, вистина, но и се инспиративни исто така.
- „Најважното нешто кое сме го научиле во училиште е дека повеќето работи не се учат во училиште“.
- „Разочарувањето може да се доживее само ако имате очекувања“.
- „Тоа што го барате нема да се појави во тој облик, онаму каде што го очекувате“.
- „Фактот не е секогаш вистина, а вистината не е секогаш факт“.
- „Болката е неизбежна. Патењето е избор“.
- „Отсекогаш сум бил гладен за љубов. Би сакал да дознаам како изгледа да се биде исполнет со толку љубов, да не можеш да издржиш. Барем еднаш“.
- „Секој човек има нешто што може да го добие само еднаш во одредена животна доба. Како мал пламен. Тие внимателно и среќно, грижливо ќе го чуваат, негуваат и носат низ животот како факел. Но, ако само еднаш тој пламен се изгаси, веќе никогаш нема да може да се врати. Јас не ја изгубив само Сумире. Заедно со неа, го изгубив и тој драгоцен пламен“.
- „Речиси сите работи што мислиш дека ги знаеш за мене, не се ништо повеќе од сеќавања“.
- „Сè ќе помине. Дури и ако е лошо, тоа ќе заврши еден ден. Ништо во светот не е вечно“.
- „Вистински гениј е човек што живее во светот, кој самиот го измислил и изградил“.
- „Изгубени можности, пропуштени шанси, чувства кои никогаш нема да се вратат. Сето ова е дел од чувството да се биде жив“.
- „Потрошете ги вашите пари за работи што може да се купат со пари. Потрошете го вашето време за работи кои не можат да се купат со пари.“
- „Повеќе или помалку, но секој од нас е воден во животот според одреден модел. Кога нечија шема е премногу различна од мојата, јас сум лут. Кога е премногу слична – се вознемирувам.“
- „Без оглед на тоа што ви го кажале другите, тоа ќе останат непознати приказни. Само она што го научите сами ќе стане дел од вас.“
- „Секој од нас губи драгоцени нешта. Изгубени можности, пропуштени прилики, чувства кои не можеме да ги вратиме. Тоа значи да се биде жив.“
- „Има многу девојки кои на привлечен начин ја соблекуваат облеката, но оние кои на привлечен начин се облекуваат, ги нема многу“.
- „Можете да ги скриете сеќавањата, но не можете да ја избришете историјата што ги создала“.
- „Ако ја читаш книгата којашто сите ја читаат, ќе го мислиш само она што сите го мислат“.
- „Кога би верувале дека сè ќе биде како што треба, би немале ништо од што би се плашеле на овој свет“.
- „Светот без љубов е исто како и ветер кој дува надвор низ прозор. Не можеш ниту да го допреш, ниту да го помирисаш“.
- „Отсекогаш сум бил гладен за љубов. Би сакал да дознаам како изгледа да се биде исполнет со толку љубов, да не можеш да издржиш. Барем еднаш“.
- „Мислата не познава време. Токму во тоа е разликата помеѓу мислите и соништата. Мислата може сè да види во секунда. Може и да искуси вечност. Можете и да поставите затворено коло, но мислите по него ќе се вратат без престан. Такви се тие мисли. Не се како сон кој може да се прекине. Тоа е како енциклопедија на чепкалки за заби“.
- Дури и ако се вратиме, најверојатно нема да завршиме онаму каде што сме почнале“.
- „Срцата не се поврзани едно со друго само преку хармонија. Тие се длабоко поврзани преку нивните рани. Болката се поврзува со болка, ранливоста со ранливост. Не постои тишина без плачот на тагата, не постои прошка без крвопролевање, нема прифаќање без загуба. Сето ова лежи во коренот на вистинската хармонија“.
- „Понекогаш станувам многу осамен кога спијам со тебе“.
- „Понекогаш се чувствувам како чувар во музеј. Голем, празен музеј каде што никој, никогаш не доаѓа. Го чувам за никој друг освен за себе“.
- „Што се случува кога луѓето ќе си ги отворат срцата? Стануваат подобри“.
- „Двајца луѓе можат да спијат во истиот кревет, а сепак да бидат осамени кога ќе ги затворат очите“.
- „Одвреме-навреме чувствувам насилен бодеж на самотија. Самата вода што ја пијам, воздухот што го дишам се како долги, остри игли. Страниците на книгата во моите раце се претвораат во заканувачки сечила со метален сјај. Можам да ги чујам корените на самотијата како ползат низ мене, кога целиот свет е замолчен во 4 часот наутро“.
- „Дали е возможно, по конечната анализа, едно човечко суштество да постигне совршено разбирање за друго? Можеме да вложиме многу време и енергија да запознаеме некого, но на крајот на краиштата, колку можеме да се доближиме до човечката суштина? Се убедуваме себеси дека добро познаваме некоја личност, но дали навистина знаеме нешто значајно за некого?“
- „Ако се сеќаваш на мене, тогаш не ми е гајле дали сите други ќе ме заборават“.
- „Како што забележа еден руски писател, само карактерот може да се промени со возраста; ограничувањата на човекот не се менуваат до смртта“.
- „Секој во овој свет има барем една или две работи што не сака да ги изгуби за ништо“.
- „Секој дизајн се чини поедноставен кога веќе е откриен.“
- „Верувам дека спасението во религијата се бара во најголем дел од оние на кои им е тешко да одат сами“.
- „Сега се повеќе и повеќе ни се полни главата со знаење. Што доведува до невнимателен став кон познавањето на мудроста на животот“.
- „Она што носи одредена несовршеност само по себе привлекува токму со својата несовршеност“.
- „Колку и да е богат човекот, времето сè уште не може да се купи“.
- „Мислам дека имате право да живеете како што сакате. И колку години и да имате 15 или 51, не е важно“.
- „Често се случува најважните работи во светот да започнат со најнов соперник“.
- „Не е срамота да прашате, срамно е целиот живот да не прашувате“.
- „Детските души се еластични, лесно може да се свиткаат. Но, кога еднаш ќе се свиткаат, тие се замрзнуваат, и многу е тешко да се исправат. Често, дури и невозможно“.
- „Постојат работи во животот што можете сами да ги направите и работите што можете да ги направите со некој друг. Важно е да бидете во можност да ги комбинирате“.
- „Да ги прифаќаш работите премногу сериозно е сериозно губење на време“.
- „Ако не можете да го разберете без објаснување, нема да го разберете и со објаснување“.
- „ За што и да сонуваат, колку далеку и да одат, луѓето не можат да бидат друго, освен самите себе“.
- „Срцата на луѓето се како длабоки бунари. Никој не знае што има на нивното дно. Вие само може да погодувате од она што повремено доаѓа до површината“.
- „За жал, часовникот тика-така, часовите ги нема. Минатото се зголемува, иднината се намалува. Можностите стануваат помали, жалењето – поголемо“.
- „Кога ќе излезете од бурата, нема да бидете иста личност како претходно. Точно за тоа е самата бура“.
- „Сеќавањето на луѓето е горивото, кое тие го горат за да останат живи“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.