Парче среќа – Менче Кадинец

Мостовите на душата лесно се кршат меѓу тебе и мене, меѓу тебе и неа меѓу неа и него, меѓу неа и неа. Отсекогаш се кршат кога се делиме од умот, мислиме а мислиме на добро, само кревки сме, ровки сме. Не голтна тежината на животот  и не можеме да ги изградиме, оти грбот нè боли, рацете нè болат, креч ни ги  фаќа мускулите, шеќерот се качува, а умот под завртува.

Гледам една кола убава, голема, позади две дечиња, а старата дама седнува напред. Децата се смешкаат и готват нешто, а старата дама извикна наеднаш “леле”.
Младиот господин до нејзе ѝ вели “Што ти е бре, да не си шлакната”.
Подзастанав, занемев продолжив да го следам животот.

Не е сè така црно.

Ама сè се преболува. Нема време за злопамтила.

Одам во самопослугата. Средовечна жена носи мало лепче и оди на каса. Пред неа средовечен господин, се гледа или наѕира воспитан од мајка роден, пред него корпа полна со намирници. “А, не ѝ вели „Госпоѓо, не може така да чекате зад мене за едно лепче, дојдете, дојдете,” ја повлече пред себе. А, таа среќна оти осети парче среќа, парче почит.

Мали, но големи работи во животот. Малку треба да бидеме горди, малку треба да се насмееме и проблемот да го решиме. Ама некогаш не сакаме. Газиме таму  каде е чисто, ги бришеме чевлите каде има кал, топлината со горчина ја полниме.

Стои така жената со новчаникот, а рацете ѝ се притресуваат. Младиот господин ѝ вели на својата госпоѓа навидум тивко “Гледај ѝ се тресат рацете”. Кутра жена го слушна тоа и замина со солзи во очите. Зарем има некој што сака да му се тресат рацете, тешко да оди, сите сонуваме за убавото. Не треба многу за парче среќа. Смислете ја и подарете ја.

Автор: Менче Кадинец

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?