Занимливости и информации Културни настани

Овие се наградените автори на „Антево слово“ 2019/ 20 година – Сицилија, Италија

Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доајенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/ литературната област во Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал Анџело Ла Векија, односно: академик Катица Ќулавкова, Геро Ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски одлучија да ги наградат, а со тоа и застапат во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија следниве автори:

1ва награда – Драгана ЕВТИМОВА
Песна: Белег/ A birthmark / Voglia

2ра награда – Сузана МИЦЕВА
Песна: Тефтер / Notebook

Давиде РОКО КОЛОКРАИ (Davide Rocco Colacrai)
Песна: Ќе бидам моето убаво сонување / Sarò la mia bella addormentata

3та награда – Игор КРАЈЧЕВ
Песна: Победа/ Victory

СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ:

Марина ИКОНОМОВА ШОКЕВА
Песна: Стојам и гледам / I am standing and staring

Дина КАМПАЊА (Dina Campagna)
Песна: Свилени навои / Silk threads

Зоран КОСТЕСКИ
Песна: Ќе те сместам во стиховите / I’ll put you in the verses


Песната „Белег“ на Драгана Евтимова е конкретна стилистичка творба во која во преден план доаѓаат авторефлексивноста и автореференцијата преку средбата со огледалото кое нуди не само одраз на нејзината внатрешна авторска поетска панорама, туку истовремено и психолошко дефинирање на карактерните особини и животната филозофија, кои се проткаени во еден современ, слободен манир на пишување.
Стиховите во оваа песна нè замислуваат и обременуваат, ни даваат мотивација да бидеме похрабри, да го пречекориме прагот, да се соочиме со самите себе, па дури и да поверуваме во еден свет во кој Другиот и другоста можат да ни помогнат да научиме да бидеме подобри. Симболиката и самата структура на песната продираат во минатото, како значаен елемент за нашиот развој, ослободена од непотребните естетки елементи, минималистична, конкретна и на момент продуховена. Тоа е позицијата на Драгана Евтимова, која како автор не се плаши да се соочи со фактот дека светлината од свеќата не може да проектира живот во нејзината сенка на ѕидот на искуството и опитот, речиси на ист начин како Диогеновата потрага по вистината, префрлувајќи ја судбината во очите на своето алтер его, онаму каде е потребно да се направи првиот чекор. Да се постои, независно од орнаментноста која “белегот“ ја оставил во кроењето на нашите светогледи. Од особена важност е големиот одзив кој го имавме и годинава (повеќе од 100 автори испратија свои стихови) и се надеваме дека во иднина сѐ повеќе поети ќе имаат можност да го промовираат своето творештво како и да им се отвори можност да бидат прочитани од интернационална публика.
Поздрав до сите учесници на оваа манифестација која допрва ќе направи Каникати, а со тоа и Сицилија да станат новиот светилник на италијанската, македонската и на Европската и светска поезија.Честитки до наградените и сите кои учествуваа на конкурсот – Ви благодариме! – стои во извештението на официјалната фб страна од организаторите на манифестацијата.

Линк кој води до објавата

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје