Skip to content

Што ако? – Јасмина Михајлоска

  • by

Ние луѓето никако да сфатиме
дека некогаш намерно патиме.
Дека живот имаме само еден
и каков и да е тој е вреден.

“Што ако? ” ни е прашање за сѐ и сешто,
како би било кога би било поинаку нешто?
Постојано сакаме времето да го вратиме
и со нервози животот си го кратиме.

Сите си имаме некој проблем, некоја мака,
не се како што изгледа така. 
Разбирање мора да имаме за секој,
никој не знае низ што поминува некој. 

За сѐ чекаме право време да дојде,
а времето нас нѐ не чека, тоа ќе си пројде.
Да си каже секој што му лежи на душа
зошто утре може ќе нема кој да нѐ слуша.

Не молчи, слободно збори,
правиот момент мора сам да го створиш.
Се што мислиш слободно да кажеш, 
дека не е битно, немој да се лажеш.
Кој што мисли за тебе и не е многу важно,
но сам за себе ако мислиш лошо е тажно.

Исполни ја секоја желба, секој сон свој,
остави го туѓото мислење, животот е твој. 
Знам ова е само песна мала,
но ништо од ова не беше шала.
Знам ова е само обична рима,
но сепак во неа вистина има.

Автор: Јасмина Михајлоска

Напишете коментар