Постои единство на мислата кај тебе.
Твоите најскриени мисли се најчувствителни честички
Кои се производ на твојата волја.
Никогаш не се одделуваш од мислата дека сме едно.
Јас и ти.
Го губиш разумот и само срцето те води.
Се претопуваш во емоции
И стануваш една голема емоција
Која нема лик
Има само допир.
Го допираш воздухот
Но не и каменот.
Земјата го држи каменот
А ти не ги сакаш земјените работи.
Воздухот е лесен за допир.
Никогаш не си помислил на земјата.
Таму не се наоѓаат нашите сонливи допири.
Тие се дел од воздухот
Кој нè опкружува
Нè отелотворува
И така стануваме еден,
Еден нежен допир
Од милион честички
Кои стануваат вечен универзум.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/04/Maja-Mal..jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.