Skip to content

Хартиено бротче

  • by

Направив мало хартиено бротче

Му посветив голем дикат

Дур му песна за кинисување пеам

Бранови немирни го клатат

А тоа плови, ли плови долж

Чиниш галеб, чиниш далга е

Не застанува, не стои

Знае дека порака битна носи

Слова со тинта пишани

Во срцето на ѕидовите му дарив

А тие пак зборат слова тантели

Пратени за љубената, за дамата

Напишете коментар