Нашиот ум во секој момент бара врска помеѓу мислите, идеите, причините и последиците. Сите овие врски не мора нужно да бидат вистинити туку можат да бидат изградени на погрешни принципи. Психолозите што ја проучуваат човечката перцепција ваквите лажни врски ги нарекуваат „перцептивни дисторзии“ или ментални замки. Овие замки прават реалноста да се доживува поинаку од она каква што е. Најуспешните луѓе стануваат успешни токму поради тоа што имаат способност да ги препознаат и да ги избегнат овие „грешки“.
Следниве 5 ментални замки треба да се избегнуваат:
1. Емоционална рационализација
Често ги користиме емоциите за да потврдиме дали е нешто вистинско или не, а тоа е една од најголемите ментални замки или во психологијата добропознат одбранбен механизам. На пример: „Сметам дека моите идеи моментално се безвредни, па нема да ги споделам на овој состанок“. Психолозите истакнуваат дека во вакви ситуации можеме да се спротивставиме на емоционалната рационализација.
Поставете си го себеси следново прашање: „Дали имам некои факти кои ја потврдуваат мојата одлука или таа е заснована врз емоции?“ Или на пример: „Дали е возможно моите чувства да се замрачени со предрасуди коишто ме блокираат?“.Кога ќе прекинете да ги набљудувате своите чувства како вистински заклучоци ќе пронајдете логика којашто ќе ви овозможи да донесете правилни одлуки.
2. Пренесување вина на другите
Голема ментална замка е пренесување вина на другите или на околностите поради сопствените грешки. Кога другите ги обвинувате за вашите дела полека го подигнувате лажното самопочитување избегнувајќи да ги сфатите сопствените грешки и недостатоци. На овој начин се губи една од најважните животни способности – учење лекција од сопствените грешки.
Играта на „префрлање на вината“ е нерационална и претставува обид да се омаловажат другите луѓе, рекол Густав Росети, автор на книгата „Вежби за твојот ум“. За да се ослободиме од тенденциите за обвинување на другите луѓе за она за кое сме виновни, мораме да се обидеме да развиеме емпатија. „Секој треба да се сосредоточува на разбирање на другите луѓе. Обидете се да се ставите во „туѓа кожа“. И најважно – престанете да верувате дека секогаш сте во право!
3. Склоност кон катастрофален песимизам
Постојат луѓе кои постојано се негативни и кои сметаат дека иднината ќе донесе само лоши нешта. Во прашање е една од најнепријатните и најтоксичните емоции – СТРАВОТ. Психолозите истакнуваат дека стравот сигурно е еден од најголемите причинители на големиот песимизам. Ако постојано очекувате дека ќе се случи нешто лошо тоа значително го влошува вашиот квалитет на живот. Негативниот поглед на живот доведува до стрес, анксиозност и депресија.
Во вакви ситуации се препорачува да си направите мала листа за себе во која ќе ги наведете своите предности, мани и губењето на времето и енергијата во претставено најлошо сценарио. Или можете да ја играте улогата „адвокатот на ѓаволот“ и да си направите листа на најлоши, но и најдобри (или не толку лоши) опции за развој на случувањата. Можно е ова да ви помогне да се ослободите од стресот и анксиозноста.
4. Потреба за да се задоволи правдата
Некои луѓе сметаат дека светот треба да биде создаден праведен и вистините во кои тие веруваат. На некои работи едноставно не можете да влијаете па затоа поради нив не треба да се вознемирувате. Замислете ја следнава ситуација: Колегата кој постојано доцни на работа добива унапредувања, а вие останувате на истото место иако работите значително потешка работа од него. Се согласуваме дека тоа е неправедно, но не треба да зборувате и постојано да мислите на таа неправда и да сте загрижени.
Никој не ветува дека животот ќе биде фер во секоја ситуација. Научете да се носите со бурите кои тој ги носи. Наместо да се жалите за својата судбина замислете го светот по ваша мерка и речете си го следново: „Би било убаво да ме унапредат, но понекогаш не можам да добијам сè што ќе посакам. Можеби би требало да разговарам со шефот и да го уверам дека следната прилика треба мене да ми припадне“.
5. Персонализација
Персонализација значи дека си земате на срце сè што се случува околу вас. Или дека се обвинувате себеси за секоја негативна ситуација што ви се случува вас или на вашите сакани дури и кога е потполно логично, а вие за тоа не сте одговорни. На пример: „Мојот син доби лоши оценки на испитот, и за тоа јас сум крив. Потребна му е поголема помош околу учењето“.
Оваа ментална замка доведува до чувство на вина, срам и инфериорност. За да се ослободите од оваа стега, обидете се трезвено да процените која улога сте ја одиграле за она што се случило и дали цела вина ја носите само вие. Ако ја набљудувате ситуацијата однадвор можеби ќе воочите дека на резултатот влијаеле многу фактори и дека за нив не сте 100% одговорни – ако воопшто имате одговорност.
Прочитајте ја и оваа статија во која ги набројуваме знаците за убав живот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.