Носталгија – Анге

Оној момент на среќа,
вистинска, детска,чиста
без преправање.
Го гледаш човекот до тебе
и сакаш со очите
да го фотографираш секој детал
од неговото лице, секоја брчка
што му се појавува дур се смее
со перфектно подредените заби.
Сакаш да ја запаметиш посебната
топлина на очите и сјајот кој блеска
во нив, велат кафените очи биле најтопли,
се топиш..
Пробуваш да го запомниш мирисот кој го носи,
оној вообичаениот, кој сега ти е омилениот парфем.
Пробуваш да го осетиш ветрето што дува,
му ја следиш јачината и страната од кај што доаѓа,
гледаш како се усогласува со сончевите зраци.
Следиш сѐ и пробуваш да запомниш,
затоа што тој ветер е истиот оној
кој на еден сличен ваков ден,
ќе ти влепи една шлаканица полна мемории,
од еден перфектен среќен ден, сонце и тој.

Автор: Анге

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!