Денес се раѓа нов ден.
Денот „Д“.
Денот кога се бркаат демоните.
Денот кога доаѓаат доблестите.
Денот на божествените дарувања.
Денот на напојување на духот , денот на душеспасение.
Денот кога им посакуваш довидување
На оние кои ти посакувале мрачни денови
И почнуваш да живееш
Во моментот
Во вистината
Во своето Јас.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/04/Maja-Mal..jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.