Едно девојче живее во еден сивкав град, во кој веќе одамна не доаѓаат сонцето, птиците, пеперугите… Еден ден, талкајќи по улиците полни со луѓе, ќе се загуби и сосема неочекувано ќе се најде пред една огромна шума, во која ќе открие работи што ќе ѝ го променат животот од корен.
Ова е кус вовед во приказната на сликовницата „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов. Градот во кој живее ова девојче е сив поради загадувањето на воздухот. Ѝ треба ваша помош за да стане шарен.
Инспирирани од приказната во книгата, го отвораме ликовниот и литературен конкурс на кој ги очекуваме вашите идеи за почист град.
Вашите креативни предлози како да го обоиме градот и тој да стане почисто и посреќно место на живеење, дом на сонцето, птиците и пеперугите, ставете ги на хартија и во форма на песна, состав или цртеж и испратете ги на нашата адреса:
За конкурсот „Девојчето и градот“
Редакција „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“
Ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 50 (6 кат), Скопје
Или на електронската адреса: [email protected]
НОВО!!! Поради големиот интерес конкурсот е продолжен до 8 март 2020 (недела). Право на учество имаат сите деца над петгодишна возраст.
Имињата на добитниците на наградите ќе бидат објавени на нивната фб страница.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.