Многу одговори добиваме кога ќе се помириме и не ги бараме на сила туку тие сами се појавуваат, од некаде. Секоја примена на сила и притисок нѐ одалечува од решението. Во продолежние следи кратка поучна приказна.
Работејќи во штала стариот фармер го изгубил својот рачен часовник за кој го врзувале драги спомени. Го барал целиот ден, но без успех…како да барал игла во куп сено. Ги повикал децата од соседството да му погмонат. Тие дотрчале одма бидејќи наградата бил сладолед. Барале цел ден, но часовникот не можеле да го најдат никаде. Потоа сите си заминале. Останало едно момче седејќи на сеното. Човекот го набљудувал со збунет поглед. Во еден момент, момчето истрчало во едно ќоше од шталата и го извлекло часовникот. На изненадување на човекот, детето рекло: „Чекав сите да си заминат – и знаев дека во тишината ќе го чујам часовникот. Тој сам се јави“.
Клучот во нашето одговарање на прашањето не е во силата туку во душевниот мир. Тишината секогаш сама излегува на површина.
Прочитајте ја и оваа поучна приказна која зборува за излез од магичниот круг на празното секојдневие!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.