Аксеизмот, или ,,еснафот на поетите’’, е краткотрајно поетско училиште, кое се појавило во 1912 година во Русија под водство на Николај Гумилев и Сергеј Городецки. Нивните идеали беа компактност на формата и јасност на изразувањето. Терминот бил измислен по грчкиот збор άκμη (ēkmē), т.е. „најдобра возраст на човекот“. Акмеистичкото гледиште за прв пат го објави Михаил Кузмин во неговиот есеј „Во врска со убавата јасност“ од 1910 година. Акмеистите се спротивставија на идеалот за аполонска јасност (оттука и името на нивниот зборник Аполон) на „Дионизискиот бес“ пропагиран од руските симболистички поети како Бели и Вјачеслав Иванов. Кон преокупацијата на симболистите со „заплашувања преку симболи“ тие претпочитаа „директен израз преку слики“.
Меѓу најголемите акмеистички поети, секој го толкуваше акмеизмот во различно стилско светло, од интимните песни на Ахматова (сопруга на Гумилев -и најзначајната руска поетеса на дваесетиот век) на теми за љубовта и врските до наративниот стих на Николај Степанович Гумилев. Николај Степанович Гумилев (1886-1921), основоположник на Аксемистичката поезија, поет, литературен критичар и воен офицер. Во гимназиските денови поттикнат од неговиот професор по уметност Инокенти Аненски, започнува со поезијата. Првата негова поема со наслов ,,Јас бегам од градот во шумата’’ (Я в лес бежал из городов) претставува каписла за понатамошното творење. Во 1910 година стапува во брак со Ана Ахматова, која создава директен пресврт во неговото творење, токму од тој момент тој почнува да пишува поеми само за неговата сопруга и љубовта како тема. За кратко во 1912 година е убиен од страна на тогашната Советска тајна полиција ,,Чека’’. Сепак позади него остава многубројни збирки и поеми меѓу кои ја издвојувам: ,,Ох, Колку тивка е природата’’.
Ох, Колку тивка е природата
Ох, Колку тивка е природата,
Таа само гледа и слуша,
Духот на народот е во занес
Се држи до слобода – брзо и жестоко.
Оваа планета ќе заборави на навредите
Од оној кој тргува, од оној кој убива,
И како во реминисценциите,
Друидите ќе подучуваат од зеленикавите ридови.
И, како во старо време, поетите
Ќе ги водат човечките души до височините,
Како ангел кој ги води блескавите комети
До точка, тоа не е на повидок.
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.