Престапна година

Интересно чувство е кога ќе најдеш своја песна стара 4 години напишана на 29 февруари.Необичен датум и необична песна. Во тој момент сфаќаш дека навистина некои почетоци се стари, посакуваш да не се повторува минатото, и дека мораш да живееш во сегашноста.

Престапна година.

Година на среќа.

Година на изненадувања.

Година на нови патеки во животот.

Година кога  старото

Се менува на секои четири години

За повторно да имаме повторување

На оставштината која секогаш сака да се повторува

Зошто така учиме од минатото

Старото добила нова старост

Некогаш нашите почетоци се стари

И сега мислиме нови се

И сега мислиме новородни се

Но ете се втурнале во нас,

Од нашата желба да почнеме сѐ од почеток

И не сакаме да остарат

И сакаме да бидат сега, да почнат на овој нов 29 февруари

Кога мислиме дека застанало она

Без кое не можеме да одиме напред

Времето.

Но, тоа постои само за нас,

Не за себе, нема свое постоење,

А толку многу ни значи.

Секој почеток е стар.

Сѐ се повторува во времето.

За нас,

Останува да живееме во сегашноста.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?