Литература Македонска поезија Поезија

Откраднување

Ноќта не ми ги чува мислите.

Таа само ги разгорува

За да забреваат како огнови

На ноздри од забревтан коњ

И трчаат силно во непознат правец

Но не можат да стигнат до тебе

Зошто ти се распостелуваш во височините

Онаму каде никој не го знае правецот

Онаму каде постои само светлината

Онаму каде спијат ангелите.

Денското сонце ми ги чува мислите.

Јас се борам со неговите зраци,

Ги прекршувам

Зошто сакам да стигнам до тебе

Зошто ден е, можеби се будат ангелите

Иако никој не ги видел

Но јас ќе ги видам

Ќе го прашам каде си

Дали им го крадеш сонот

Како што ми го крадеш мене

Дали ќе им ја крадеш светлината

Како што ми ја крадеш мене

Дали и нив им го крадеш животот

Како што ми го крадеш мене

Дали може да те најдат

Во секој непреспиен сон

Во секоја украдена темница

Во секој откраднат момент од животот.

Зошто јас таму те пронаоѓам.

Секој ден.

Секоја ноќ. Во секој откраднат момент од животот.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје