Под мотото „Подари книга – биди хуман“ РОТАРАКТ СКОПЈЕ КЛУБ – ЦЕНТАР организира настан каде што сите можат да учествуваат и да допринесат за успешноста на оваа иницијатива. Поддржани се од „MINISO“ – којашто е локацијата за оставање на книгите. Се наоѓаат во ГТЦ – приземје, Рамстор – прв кат и Сити Мол – прв кат.
Настанот ќе трае од 2.3 до 2.4, а собраните средства ќе бидат донирани во основни и средни училишни библиотеки.
Ротаракт Клуб Скопје Центар се основани на 2.4 2014г, бројат 18 членови и имаат веќе неколку успешно реализирани проекти зад нив.
Што значи да се биде ротарокторец според членовите на овој клуб?
- да се направи нешто со кое колината ќе стане подборо место за живеење
- идеи кои може да придонесат за подобро утре
- преку филантропијата да дојдеме до нови познанства и да овозможиме подобри услови на оние на кои нашата помош им е најпотребна
- безрезервна љубов, доживотни пријателства, исполнувачка долготрјана авантура.
Проекти кои досега ги реализирале:
- донација на опрема во школото „Златен Сремец“ во кое учат деца со посебни потреби
- донација на бела техника во дом за стари лица „Мајка Тереза“
- Ски турнир во скијачкиот центар Копанки чиишто средства беа донирани во истиот за скијачка опрема.
Нивни проекти за во иднина:
- донација на книги во училишни библиотеки
- хуманитарен кошаркарски турнир,
- поставување на куќички за бездомни кучиња
Ако сакате да бидете хумани и имате книги кои сметате дека може да ги подарите или донирате, сѐ што треба да направите е да појдете во една од продавниците на „MINISO“ и таму да ги консултирате вработените кои ќе ви излезат во пресрет.
Ние од блогот ја поддржуваме оваа акција на донирање книги бидејќи е супер идеја за „збогатување“ на библиотеките во училиштата низ земјава. Исто така, никој не се осиромашил од дарување или донирање, туку со тоа си ја потврдил својата човеченост.
Подарете книга – бидете хумани! За барем малку да го „обоиме“ секојдневието во овие тмурни денови.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.