Skip to content

Во ноќта на уморот – Рабиндрант Тагоре

Го завршуваме денот со стихови од Рабиндрант Тагоре со наслов:
„Во ноќта на уморот“

Во ноќта на уморот, дај ми да му се предадам

на сонот без борба,

мојата верба во тебе

починка да најде.

Не дозволувај да го присилувам

својот папсан дух

на неплодна подготвеност

да ти служам тебе.

Ти си тој што го спушта

превезот на ноќта

врз уморните очи на денот

за да го закрепенеш

погледот негов

во новата ведрина на будењето.

Напишете коментар