
Антон Павлович Чехов (1860 -1904) – руски раскажувач романописец и драмски писател, припадник на правецот натурализам.
Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“.
Извршил големо влијание врз развојот на романот и драмската книжевност во светот.
Во своите новели дава голем број карактеристики на руското секојдневие и цела галерија промашени, несреќни и несфатливи луѓе.
Во продолжение прочитајте ги неговите најпознати цитати кои изобилуваат со мудрости.
- „Доброто воспитување не е во тоа да го истурите сосот на масата, туку да не забележите ако тоа го стори некој друг.“
- „Една болка секогаш ја намалува другата. Застанете ѝ на опашката на мачката која ја боли заб и веднаш ќе ѝ биде полесно.“
- „Колку е убаво да седите дома кога дождот тропа на кровот и кога знаете дека во вашиот дом нема досадни луѓе.“
- „И за илјада години, човекот повторно ќе се издишува на овој начин: Ах, тешко е да се живее – и со ист здив како сега ќе се плаши да умре.“
- „Ако не знаете што чувствувате кон човекот, затворете ги очите и замислете дека го нема. Никаде. Го нема и нема ни да го има. Тогаш сѐ ќе ви биде јасно.“
- „Сѐ знаат и сѐ разбираат само будалите и озборувачите.“
- „Не можете да барате од калта да не биде кал.“
- „Нема, ниту може да има праведно богатство.“
- „Кога човек нема вистински живот, тој живее од фатаморгана.“
- „Колку прекрасен ден. Не можам да одлучам дали да се напијам чај или да се обесам.“
- „Кога сонцето грее и на гробишта е весело.“
- „Здрав човек има илјада желби. Болниот само една – да оздрави.“
- „Циник е грчки збор, во превод на твојот јазик би значело свиња која сака целиот свет да знае дека е свиња.“
- „Човекот, целиот живот живее сам, цел век учи, но успева да научи само преку животните несреќи.“
- „Ниту љубовта, ниту пријателството, ниту почитувањето не можат толку да ги зближат луѓето колку заедничката омраза.“
- „Стотици километри празна, еднолична, изгорена степа не може да предизвика толку длабока депресија како еден досаден човек кој седи, зборува и не се знае кога ќе си замине.“
- „Честа не може да се одземе, таа може само да се изгуби.“
- „Ако сакате да имате малку време, не работете ништо.“
- „Убавото воспитување не се состои од тоа да не истуриш сос на масата, туку да не забележш ако некој друг го направи тоа.“
- „Животот е всушност многу едноставно работа и човекот треба да вложи многу напор за да ја уништи.“
- „За да чувствувате среќа без престан дури и во моментите на тага и жалост, треба: да умеете да бидете задоволни со сегашноста и да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.“
- „Не треба да им пречите на луѓето да полудуваат.“
- „„Спознај се самиот себе“ – е добар и коирсен совет, штета само што никој не прецизира како се применува.“
- „Добриот човек чувствува срам и пред куче.“
Прочитајте ги и овие инспиративни мисли.