Антон Павлович Чехов (1860 -1904) – руски раскажувач романописец и драмски писател, припадник на правецот натурализам. Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“. Извршил големо влијание врз развојот на романот и драмската книжевност во светот.
Во своите новели дава голем број карактеристики на руското секојдневие и цела галерија промашени, несреќни и несфатливи луѓе. Прочитајте ги неговите најпознати цитати кои изобилуваат со мудрости.
1. „Доброто воспитување не е во тоа да го истурите сосот на масата, туку да не забележите ако тоа го стори некој друг.“
2. „Една болка секогаш ја намалува другата. Застанете ѝ на опашката на мачката која ја боли заб и веднаш ќе ѝ биде полесно.“
3. „Колку е убаво да седите дома кога дождот тропа на кровот и кога знаете дека во вашиот дом нема досадни луѓе.“
4. „И за илјада години, човекот повторно ќе се издишува на овој начин: Ах, тешко е да се живее – и со ист здив како сега ќе се плаши да умре.“
5. „Ако не знаете што чувствувате кон човекот, затворете ги очите и замислете дека го нема. Никаде. Го нема и нема ни да го има. Тогаш сѐ ќе ви биде јасно.“
6. „Сѐ знаат и сѐ разбираат само будалите и озборувачите.“
7. „Не можете да барате од калта да не биде кал.“
8. „Нема, ниту може да има праведно богатство.“
9. „Кога човек нема вистински живот, тој живее од фатаморгана.“
10. „Колку прекрасен ден. Не можам да одлучам дали да се напијам чај или да се обесам.“
11. „Кога сонцето грее и на гробишта е весело.“
12. „Здрав човек има илјада желби. Болниот само една – да оздрави.“
13. „Циник е грчки збор, во превод на твојот јазик би значело свиња која сака целиот свет да знае дека е свиња.“
14. „Човекот, целиот живот живее сам, цел век учи, но успева да научи само преку животните несреќи.“
15. „Ниту љубовта, ниту пријателството, ниту почитувањето не можат толку да ги зближат луѓето колку заедничката омраза.“
16. „Стотици километри празна, еднолична, изгорена степа не може да предизвика толку длабока депресија како еден досаден човек кој седи, зборува и не се знае кога ќе си замине.“
17. „Честа не може да се одземе, таа може само да се изгуби.“
18. „Ако сакате да имате малку време, не работете ништо.“
19. „Убавото воспитување не се состои од тоа да не истуриш сос на масата, туку да не забележш ако некој друг го направи тоа.“
20. „Животот е всушност многу едноставно работа и човекот треба да вложи многу напор за да ја уништи.“
21. „За да чувствувате среќа без престан дури и во моментите на тага и жалост, треба: да умеете да бидете задоволни со сегашноста и да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.“
22. „Не треба да им пречите на луѓето да полудуваат.“
23. „Спознај се самиот себе“ – е добар и корисен совет, штета само што никој не прецизира како се применува.“
24. „Добриот човек чувствува срам и пред куче.“
Прочитајте ги и овие инспиративни мисли.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.