
Никогаш не се потсмевај на Богот на љубовта
Како што тоа го направи Аполон
Зошто болна е љубовта која трае засекогаш
А оловото е потешкото од златото
И оловните стрели не го прободуваат срцето
Но сепак ја величаат честа
И стануваат круна од лавор
И твојот смрзнат поглед Дафне
Стана драгоцен корал
Како крвта на славната Медуза
И телото ти стана златно
И покрај тоа што ти беше погодена од оловна стрела.
Аполон го слушам свири со својата лира
И носи корал наместо лавор
И крвно станува неговото срце
И не може да го заборави недопрениот бакнеж.
Никогаш не се потсмевај со богот на љубовта
Зошто засекогаш ќе крвариш во срцето
Како Аполон од недопрениот бакнеж.