Во светот на книгите Занимливости и информации

„Книготека“ овозможува бесплатно преземање на една е-книга по избор

Во услови на домашна изолација поради заштита на сопственото здравје и здравјето на сите околу нас, заедно со нашите партнери издавачи ви подаруваме бесплатен ваучер за преземање е-книга од нашата книжарница по ваш избор.

Доколку не сте корисник на нашата апликација, може да ја преземете на Аpp Store или Google Play и да регистрирате ваш кориснички профил.

Доколку сте корисник на уред со Android оперативен систем, сè што треба да направите е да ја одберете вашата омилена книга, да ја додадете во кошничка и да ја преземете со опцијата за преземање со ваучер.

За сите корисници на iPhone или iPad, потребно е да се најавите преку нашиот вебсајт и да ја преземете книгата на истиот начин, а потоа истата ќе биде додадена на вашиот кориснички профил во апликацијата.

Деталното упатство за преземање/купување книги може да го погледнете тука.

Промокодот што треба да го внесете е ostanidoma и истиот може да го искористите до 20 март до полноќ.

Искористете го слободното време на квалитетен начин и уживаjте во читањето.

Статија е целосно преземена од нивниот сајт.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје