Skip to content

Одраз – Анамарија Наумовска

Низ сивите вириони го видов конфузниот одраз на она перманентното кое трае само за да врши експанзија и да станува сè поинтензивно. Еден ден – хармонични движења со магловита надеж и ветувачки осцилации, а утре – ден револуционерни пресврти. Ако доаѓа со индикација – не е од овој свет. Безволноста е примамлива и камен – темелник на уривањето, како што ерозијата претставува еквивалентност за слузокожа.

Чудна волја универзумска штом деноноќие се сведе на светоглед. Ќе се нумерираат скалила во погрешна насока, квантитетот е во подем. Танц во чест на механиката, наклон за секој шум, секогаш границата е милиметар, но над неа си и од моментот кога секоја сегментална бронхија те издаде. Планови лебдеа во потиснати островчиња, забранета е дифузија, зарем некогаш била во предвид? Оклоп од наметнати маски и бездна. Само танцувај, така си над, така сè е под.

Анамарија Наумовска

Напишете коментар