Во изминатите неколку недели сме сведоци на епидемија од корона вирусот, т.е. и на сериозниот шок кој го претрпеа здравствените системи ширум планетава. Според тоа одредено ниво на анксиозност во вакви вонредни околности е сосема нормално. Од исклучителна важност за нас како и за нашата заедница е што преземаме за да се стабилизираме и да ја канализираме анксиозноста со мерки на претпазливост по сопствената и туѓата безбедност.
Денес ќе се осврнеме на некои психолошки ефекти кои врз нас може да ги има актуелната пандемија, како и одредени мерки кои како поединци можеме да ги преземеме за да го сочуваме сопственото ментално здравје, како и на нашите блиски.
Регулирање страв од непознато и заканувачко
Една од главните разлики во доживување на сезонски грип и корона вирусот е што првиот се перципира како вирус кој доволно добро го познаваме. Ги знаеме дијагностичките критериуми и симптоми, знаеме како се пренесуваме, знаеме како да го третираме, кому да се обратиме и што отприлика да очекуваме.
Короната моментално ја гледаме како нешто непознато и заканувачко што допринесува за доживување на непредвидливост на ситуацијата, проследена со чувство на анксиозност, страв, зголемена будност и напнатост. Овие чувства можат да бидат особено изразена кај луѓето кои и вообичаено имаат проблем со толерирање неизвесност. Еден од основните начини на кој ситуацијата можеме да ја направиме попозната и помалку непредвидлива е изнаоѓање доверливи извори на информации кои ќе ни го зголемат степенот на јасност.
Регулирање на стравот од неизвесност
Нашите сознанија за вирусот стануваат сè поголеми, способностите на експертите во овој момент за прецизно да го потврдат ширењето на пандемијата и како нејзиното плато не се големи, што од друга страна може дополнително да ја зголеми анксиозноста.
Можеби забележувате дека овие денови сте склони кон нижење различни сценарија кои можат да бидат опасни за вас и вашите најблиски. Една од честите придружни појави на анксиозноста е обидот да се подготви умот за најлошото можно сценарио за да се обидеме да го вратиме чувството за контрола („ако сум подготвен/а за најлошото можно сценарио тогаш сум подготвен/а на сè“).
Со оглед на тоа дека нашата психичка состојба многу влијае и на физичката добросостојба, препорачуваме да пробате својата анксиозност да ја смирите на некој од следниве начини:
– Барајќи поддршка од околината или психотерапевт (може да биде преку аудио или видео повик, многу терапевти сами тоа ќе го предложат)
– Практикување техники за релаксација и стабилизација (вежби за дишење, медитација или такви кои помагаат одредени мисли да ги „отпуштите“ доколку процените дека додатно го подигнуваат степенот на напнатост)
– Направете своја база на достапни ресурси (меѓучовечки, информативни, здравствени).
Поставете си го прашањето: „Сега над што имам контрола и што ми го враќа чувството за контрола?“ За време на одговарање на ова прашање, набљудувајте и како се чувствувате додека барате одговор и како дишете. Забележете и дали вашите одговори ве смируваат. Ако тоа не е случај, проверете го вашиот сомнеж со некоја блиска личност.
Накрај, обидете се неизвесноста да ја доживеете како составен дел од животот која ја делите со остатокот од човештвото, а не како непријател кој треба да го елиминирате.
Правилна процена на опасноста
Вирусот може да биде опасен, а денешните податоци за степенот на смртност се движат од 1,4 до 2,3%. Тоа е доволна причина за преземање мерки за претпазливост за цел заштита на себеси и другите. Сепак, овие податоци можат да бидат збунувачки кога ќе се обидеме да ја процениме опасноста на ситуацијата, па можеме да реагираме во две насоки:
1. Да го процениме степенот на опасност и закана т.е. да нè преплави чувството на непосредна опасност и паника,
2. да почувствуваме потреба да го минимизираме чувството на непосредна опасност (како вид психолошка одбрана) па со тоа да развиеме индиферентен став кон ситуацијата.
Двете постапки можат да го отежнат преземањето адекватни заштити мерки – првата со преценување, а втората со потценување на заканата. Доколку забележите дека вашите реакции можат да се сведат во некоја од овие категории, запрашајте се следново:
1. Со што може да има врска ова што доживувам преплавувачка паника во оваа кризна ситуација? Дали тоа ме потсетува на нешто? Што би можел/а да помогне за да се чувствувам помалку преплавено?
2. Зошто ми е важно да не се занимавам со оваа тема? Дали и вообичаено ми се случува да не мислам на ризикот што го има моето однесување за мене и за другите? Што би ми помогнало подобро да ги согледам потенцијалните последици и да го вратам чувството за грижа за себе и за другите?
Правилна процена на сопствените капацитети за заштитни мерки
Покрај исправните процени на степенот на опасност многу е важна и адекватната процена на сопствените капацитети за заштита. Психолошките истражувања укажуваат на тоа дека луѓето тежнеат да проценат колкаво влијание ќе има врз нив негативното случување, а воедно потценуваат колку успешно можат да се носат со таквата ситуација. Со тоа имајте на ум дека веројатно сте психолошки поотпорни отколку што мислите.
Проверете сами како ги доживувате и како се чувствувате поврзано со пропишаните насоки. Ако забележите дека имате емоционална реакција на некоја од мерките (отпор, бес, страв или анксиозност), поразговарајте со личност од доверба или психолог/психотерапевт за тоа. Повеќето заштитни мерки се пропишани за ширењето на КОВИД-19 да се стави колку што е можно побрзо под контрола, но може да се случи некои од мерките да има специфично значење за вас, па за тоа вреди да истражите за што станува збор.
Засега единствен сигурен начин да не се заразите себе и да спречите заразување на другите е да се изолирате од контакт со сите луѓе ако е во можност и внатре во домот. Оваа ситуација може да биде прилика за подобро да го запознаеме чувството на осаменост или самотија. Можеме да истражиме и дали времето поминато во самотија може да биде квалитетно време поминато со себеси.
Стресот е составен дел од сечиј ден
Ставете ја под баланс количината на време кое го поминувате размислувајќи/разговарајќи за оваа тема. Следењето на вести за вирусот иако во некоја мера е неопходно, бара секојдневно време и внимание. Интензивното занимавање со ваква тема може во некои случаеви да поприми облик на фиксација или преокупираност со истражување на темата. На тоа дополнително може да допринесат насловите во медиумите и содржините по друштвените мрежи, како и влијанието дека поединечни животни рутини и планови во овој период се менуваат од ден во ден.
Во поединечни случаи можете да чувствувате дека животот е ставен на пауза на неодредено. Воедно, веројатно веќе знаете и дека бројни супермаркети се опустошени што допринесува за доживување масовна паника. Постојат дури и показатели на некои слични претходни општествени кризи од воената состојба.
Ако забележите дека ве окупираат информациите за корона вирусот на психолошки план, обидете се со следново.
Избегнувајте консумирање информации непосредно после будењето или пред одењето на спиење бидејќи тогаш сме најподложни за емоционално да се инволвираме во темата. Пробајте во утринската навика да вклучите прашања како: „Што можам денеска да направам во врска со план за сочувување на сопствена добросостојба?“, а во вечерната рутина следново: „Со какви мисли (за благодарност или надеж, на пример) сакам да заминам на спиење вечерва?“
Во текот на денот ограничете го времето за занимавање со оваа тема (било преку содржини или дискусија со луѓе). Ако е потребно – ставете одредени нотификации на „mute“ опција. Не е лошо да се потсетиме дека животот постои и надвор од рамките на кризната ситуација.
Накрај, одредете време во кое нема да се занимавате со темата туку исклучиво ќе го правите тоа што го сакате. Тоа може да биде особено важно ако сте приморани на самоизолација или пак сте ја избрале како заштитен метод.
Ако имате некој на кому му е потребна дополнителна поддршка на оваа тема
Ако во опкружувањето постои некој на кому му е потребна дополнителна поддршка во поглед на смирување анксиозност или помош да го разбере сопственото вознемирување од потенцијалната опасност, понудете некоја од техниките кои погоре ги опишавме. Бидејќи дека солидарноста е еден од клучните фактори во кризни интервенции бидете тука за другите доколку сте во можност. Тоа особено важи за:
Старите луѓе
Ако некој од постарите членови на семејството има проблем да разбере некои информации поврзани со КОВИД-19 помогнете така што ќе ги поедноставните и ќе дадете конкретни насоки за однесување.
Деца и адолесценти
Укажете им на децата колку е важно да се придржуваат до одредени навики за со заеднички напори да се заштитат и себе и другите од зараза. Доколку вашето дете покажува одредена емоционална реакција на оваа тема, именувајте ја и поразговарајте за тоа. Бидете трпеливи за сите нивни прашања.
Луѓе кои патат од анксиозност
Ако во близина има некој којшто е склон кон загрижување или паника, имајте на ум дека таа особа во оваа ситуација може да се дестабилизира. Пробајте да ја натерате да ви раскаже како се чувствува, бидете сочувствителни и понудете им некои доверливи извори за информирање.
Луѓето кои преживеале кризна ситуација (бомбардирање, војна)
Актуелната ситуација може да биде особено стресна дури и повеќе трауматска за некој кој во својот живот веќе искусил масовна трагедија или карантин. Во тој случај, на таа особа покажете ѝ ја разликата помеѓу ситуацијата што се случува „сега и овде“ и таа што се случувала некогаш во минатото за да ѝ помогнете да создаде емоционална дистанца од трауматските сеќавања.
Луѓе на кои стратегијата за самоизолација не им е безбедна опција
Како што за многу луѓе останувањето дома не е охрабрувачка опција во оваа ситуација, ве поддржуваме да ги побарате бесплатните телефонските линии за жртви на насилство во семејството каде можат да се добијат советодавни и правни информации.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.