Skip to content

,,ДИТАСоманија” 90-ти

Деведесетите години се беа покажале како време на транзиција, во секој дел во општеството. Сѐ се случуваше брзо и бурно. Распад на Унија, на семејства, на кариери и животи. Токму тие години се случи и нов литературен бран помеѓу народот познат како ,,Дитасоманија”. Кој ја разбранува Поетската фела. Дел го подржаа тој бран, дел се спротивставија и негодуваа на делата нарекувајќи ги еден голем ,,ШУНД”.

Димко Тасевски – Дитас, писател кој народски кажано без влакна на јазикот прозборе преку перото за познатите озогласени 90-ти. Пишуваше за реални приказни како велеше тој. За сето она кое ние го заобиколувавме и не сакавме да помислиме. Пишуваше за Реалноста на Секојдневието на која и вртевме грб со надеж за поспокоен ден.

Во својата поетска кариера излезе со 15 (петнаесет) книги, кои до некаде го опишуваа минатото, сегашноста и утрешнината во познатите озогласени 90-ти. Патем, ги проследувам сите негови книги по редослед:

  • Крив правец / издадена 1995 год.
  • Чистач или крив правец 2 / издадена 1998 год.
  • Деца на Ѓаволот / издадена 1998 год.
  • Дупка во мозокот / издадена 1998 год.
  • Џими Бразил / издадена 1999 год.
  • Експеримент / издадена 2000 год.
  • Арачиново / издадена 2001 год.
  • Коректори на експериментот / издадена 2002 год.
  • Скршена душа / издадена 2002 год.
  • Најбараниот мора да умре / издадена 2004 год.
  • Убиството на Претседателот / издадена 2005 год.
  • Атлантида-прва и последна генерација / издадена 2010 год.
  • Верска војна / издадена 2010 год.
  • Од другата страна на животот / издадена 2011
  • Реинкарнации / издадена 2012 год.

Најголем белег помеѓу помладата популација која едвај успеваше да најде и купи негова книга, оставија трите изданија: Крив Правец, Чистач или крив правец 2, Дупка во мозокот. Зашто велам ,,едвај”?! Токму по издавањето на повеќето негови книги кои својот пат до читателите го пронајдоа по ,,илегален пат на издавање” направија таков БУМ, да самата држава забрани нивно издавање и поддршка од Министерството за Култура. Притоа самиот Дитас, во неколку наврати во интервјуа имаше напоменато дека дури и добивал закани по живот поради настани кои ги опишува во книгите.

Во продолжение ви ги доставувам двете најинтересни, најпосакувани, најомразени книги под наслов: Крив Правец и нејзиното продолжение Чистач или крив правец 2. Кои можете да ги превземете од следните линкови:

  1. Крив правец: https://gofile.io/?c=DhzBjH
  2. Чистач или крив парвец 2: https://gofile.io/?c=f6rX0u

Напишете коментар