Проза

Живот во неизвесност

Живееме во секојдневна неизвесност. Бидејќи не знаеме кога се гледаме за последен пат. И кога околностите ќе се спојат, настанува друга ситуација во која сме сите затекнати. Камо да знаев дека тоа ќе биде последен пат како те гледам. Ох, не се знае ниту кога повторно ќе се видиме. Велам, гордоста настрана да ја оставиме. Не знаеме кога некој го гедаме за последен пат, не знаеме дали некогаш воопшто ќе се видиме повторно со тој човек, не знаеме кога ќе го слушнеме неговиот глас, кога ќе го видиме неговиoт од.

И сега гледам дека во рацеве ми останаа само сеќавања на твоите погледи. Сеќавања на нашите разговори и насмевки. И секако недостасувањево што се склопчило во срцево. Копнежот по твоите очи и гласот. А од копнеж се живее ли? Зарем срцево се залекува со копнеж како лек за страдањето? Те има и во сoништата каде одеднаш се губиш, а јас се враќам во суровата реалност. Те барам во овој мрак, но не можам да те пронајдам. И тешко е. Бидејќи светлата точка во мракот понекогаш е единствената надеж што постои.

Камо да знаев, па да се восхитував на твојата убавина подолго. Да разговарав со тебе, да се осмелев. Само да знаевме, многу ќе променевме во сите сегменти на животот. Ќе бевме похрабри, посмели, полни со љубов, бидејќи би го знаеле крајот, но она што ќе претставуваше гориво, ќе беше таа неизвесност помеѓу крајот и почетокот.

Си заминавме како да ќе се видиме утре повторно.

,,Светот замре”, a ние не си разменивме некој поглед повеќе…

И додека срцево крвари, запишува дека се надева.

До следното видување кое верувам дека сепак и покрај сите околности, ќе дојде и душава ќе воскликне во среќа.

Недостасуваш…

Автор: Викторија Саздовска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје