Skip to content

За подобро утре – Јасмина Михајлоска

  • by

Периодов цел свет е во тага, во криза,
гледаме дека животот нема реприза.
Бараме решение, што да се прави
за да останеме сите живи и здрави.

Ситуацијава тешка е за сите,
со страв ги поминуваме дните.
Препораки и совети да слуша секој,
не е време за да биде себичен некој.

Дома да се седи треба сега,
не си играјте, нема веќе шега.
Мора сериозно да сфатиме,
после времето нема да го вратиме.

Сите со најблиските да седиме
и муабети да си редиме.
Во двор кафе да се напиеме
и од гужви да се скриеме.

Се гледааат филмови серии разни,
се пишуваат песни и сказни,
со книга сите се во рака,
се чита без проблем, без мака.

Или може нешто ново да се учи
и тоа сега интересно звучи
Некој и од дома работи,
па одмара недели и саботи.

Утеха мора некако да најдеме,
да издржиме, да се снајдеме,
за подобро утре да се бориме,
подобар живот да створиме.

Еве јас излегов сега на тераса,
да видам, велат пролетта стаса,
птици пеат, сонце сјае,
Дај Боже само за убаво да е.

Автор: Јасмина Михајлоска

Напишете коментар