Skip to content

Душа – Јован Дучиќ

Зошто плачеш драга, цела ноќ и цел ден:
Изгубената среќа сè уште е среќа!
И тој јад во душата што те потсеќа на неа,
Тоа е еден нејзин заостанат дел.
Не му давај матна солза на мрачното око:
Среќата никогаш не умира, дури ни кога ќе си замине.
Тоа ехо, кое едвај го слушаш од далечина,
Таа сè уште зборува во тебе длабоко –
Во осамената ноќ, кога жалосно шумат
Реките полни со ѕвезди, горите полни со сенки…
До нејзиниот слух таа песна не допира,
Но душата ја претчувствува, слуша и разбира.

Јован Дучиќ (Требиње БиХ, 15.02.1874 – Гери САД, 07.04.1943) беше српски и југословенски книжевник, дипломат и академик. Дучиќ е еден од најзначајните поети на српскиот модернизам и важи за најзначаен лиричар. Неговото творештво се состои од збирки песни, прозни творби, студии за писатели и поетски писма од Швајцарија, од Грција и од Шпанија. Првите поетски творби на Дучиќ се напишани под влијание на Воислав Илиќ, но подоцна сосема се ослободил од ова влијание и изградил своја индивидуална лирика по урнек на француските пармасовци, декаденти и, особено, симболисти.

Во времето на опш култ кон модата од Западот, неговата поезија, со мотивите и со начинот на изразување, била новост и вистинско освежување. Дучиќ открил сосема нови мотиви во српската поезија и ретки префинети чувства. Силата и убавината на неговата поезија е во изразувањето, а врвно начело на неговата поезија е да се најде најсовршениот начин тоа да се направи: отмено, дискретено, духовито и симпатично. Доживувајќи го поетот како „кабинетски работник и учен занаетчија на тешка рабта со ритамот и римите“, создаде поезија која блеска со сликовитост и мелодичен ритам.

Напишете коментар