Занимливости и информации Конкурси Културни настани

Пишувачки предизвик од „ТРИ“: „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“

Од издавачкиот центар „ТРИ“ денес стигна известување во вид на предизвик на кој учество можат да земат сите коишто пишуваат и се изразуваат преку пишаниот збор. Прочитајте ја во продолжение нивната објава каде што детално е објаснето.

Од денес почнуваме со предизвик што го нарековме „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“, со кој сакаме да ги поттикнеме и собереме најоригиналните и најинтересни раскази настанати во ова тешко време што сме принудени да го поминеме во изолација и дружење најмногу со себе и сопствените мисли.

Во овој период на лоши вести, на социјално дистанцирање и почитување на разно-разните препораки, покрај читањето, голема смисла на нашето секојдневје му дава и пишувањето – како еден од начините да се справиме со големата промена, но и да создадеме траен запис за еден од најдраматичните периоди од нашите животи. „КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ – Антологија на изолацијата“ е хроника што од денес ја создаваме заедно, со кратки раскази што ги очекуваме од секој од вас што во овие моменти наоѓа инспирација и сила за пишување.

Најдобрите раскази од предизвикот ќе ги објавиме во издание што ќе остане како антологија да сведочи за бурниот – на моменти и нереален – период кој се надеваме дека набрзо ќе заврши и дека никогаш нема да ни се повтори.

Ги охрабруваме сите пишувачи – искусни и неискусни – да земат учество во нашиот предизвик и да ни праќаат раскази на темата, без ограничување во однос на стилот и обемот. Сите пристигнати творби ќе бидат внимателно прочитани од нашата Редакција и, се надеваме, во поголем број објавени во една книга. За авторите на најдобрите раскази постои можност за подолгорочна соработка со ТРИ.

Наострете ги моливите – ги очекуваме вашите раскази до крајот на април!

Праќајте ни ги на [email protected]

стои на официјалната објава на нивниот Инстаграм профил

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје