Литература Поезија Светска поезија

Душа – Јован Дучиќ

Зошто плачеш драга, цела ноќ и цел ден:

Изгубената среќа сè уште е среќа!

И тој јад во душата што те потсеќа на неа,

Тоа е еден нејзин заостанат дел.

Не му давај матна солза на мрачното око:

Среќата никогаш не умира, дури ни кога ќе си замине.

Тоа ехо, кое едвај го слушаш од далечина,

Таа сè уште зборува во тебе длабоко –

Во осамената ноќ, кога жалосно шумат

Реките полни со ѕвезди, горите полни со сенки…

До нејзиниот слух таа песна не допира,

Но душата ја претчувствува, слуша и разбира…

Препев: Наталија Наумовска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје