На летен одмор
нема смисла.
Да ја нема таа
чиста и бистра.
Дури ни рибката Ева
не може без неа.
Што е тоа?
Види како лета
а може дури и да шета.
На прозорецот наутро
Песни пее.
Што ли ќе е?
Баба Мара без два заба
по млеко оди со три нозе.
Кога ќе си дојде дома
третата ја чува крај маса.
Што е тоа?
Сиво е и големо
Сака на столче да седело
Ушиња има големи
Како чадорот за плажа
и без да лаже носето му расте.
Што е тоа?
Автор на гатанките: Ристовски М.
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.