Сретнав човек.
Ме погледна и го видов Бог.
Се исплашив од неговите очи.
Или можеби требаше да
Се исплашам од зборот.
Ми рече „Добар ден“.
Зборот се пренесе во воздухот
И се распрсна во ситни атоми
И јас тргнав да го зграпчам
Да не е веќе ниту добар ниту ден
Да го фатам во просторот
Да го замрзнам
И тогаш истрчав
Со брзина поголема од просторот
Побрза од стравот
И не знам каде остана „Добар ден“
Дали во просторот
Дали во времето
Или остана заробен во мојот страв
И станав полу – човек
Полу – дистанца
Станав полу – атом
Полу – страв
Ќе сретнам ли повторно човек?
Без дистанца?
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.