Песна за деца: „Пролет“- Ненад Џамбазов

Пролетта е детенце
со зелено палтенце,
најубаво цвеќенце,
разблеано јагненце.

Пролетта е росичка,
што ни гали косичка,
разлеано изворче,
најтопло развигорче.

Пролет е пеперутка
со шарени крила,
пролетта на децата
многу им е мила.

 
close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?