Никулец изртен се беше сторил гласот
Со изѕемнет облик патува по друмот
А оттаму по друм двојник, повратен трепери
Еј, полиња испишани… каде сте?
Прашува со молезлив глас
Зар сте коњи врана одседлале
мене заборавиле
При потоп од стихови отпловиле
За трубадурите да кажувате, престанавте!
Во далечина,
занесно дворјанки на чардак
го величат гласот, патник.
Под ситен дождец крај ѕуница
пеејќи ,,troubadour sous la pluie”
во занес без престан
А тој узурно свири тамбурата
Прославува за животот на гласот
За гласот на животот и среќата во сѐ
Во дождецот кој го покрива
и ѕуницата која му од, открива.
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.