Вашиот глас Македонска поезија Поезија

Песна инспирирана од поезијата на Бодлер

Кога в срце ќе осетиш звук од камбана стара,
во ноќ бескрајно темна
и страв во душата што помош бара,
ќе слушнеш ветровита музика, една,
кога крвта што низ вени ти тече
ќе смрзне ко ледено море,
а на образи оган ќе гори и пече,
погледни во угорнината, горе,
проклета е ко ниедна друга,
таа магловита вечер.

Автор: Анетка Тасевска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје