Велигден во гората – Киро Донев

Сите сме спремни за Велигден – и целиот шумски свет вапцал јајца! Да го пречекаме Велигден со љубов во срцата и да посакаме многу среќа, здравје и љубов на сите Вас со овие прекрасни стихови од еден од најплодните детски писатели кај нас Киро Донев.

Велигден во гората

Денес уште рано, рано
Пред да пукне зората,
Шумскиот поштар – Зајко,
Разнесе вест низ гората:
Велигден е на прагот
Не заборавај шумски свете!
Не заборавај јајца да вапцаш,
Да набереш здравец – цвете!
Ранобудната Верверичка
Прва веста ја слушна.
Ги разбуди своите дечиња
Ги погали и нежно ги гушна.
Потоа со кошничето в рака
Скокајќи од гранка на гранка
Појде да побара јајца –
Од сосетката Фазанка.
И вредната мајка Зајачица
Китка здравец дома довлече,
Ги избања своите малечки
И во свечена облека ги облече.
Пред мракот Зајакот гласник
На врвот од ридот појде:
Подготвено сѐ е! – викна –
Велигден може да дојде!

Извор

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели