Еднаш оддамна, и друг пат сега
Танцував и танцувам со мислите
Чекорам на прсти за да не го разбудам срцето
Се бев упатил кон светот на минатото
Дур пишувам во сегашноста
Се прашувам, каде е таа средина
Толку посакувана и барана
Каде умот и срцето взаемно се во пoход
Итро јуришаат кон средината
Но за неа не знаат
Бев виорел, бев итал
Соборував бев, се’ во светот бел
А сега, сега молчам и ползам прегазен
Каде е!!!
Вреснувам како молња во гора
Каде е!!!
Со зарипнат глас и мисли бавни
Се прашувам!!!
Каде е, таа проклета средина.
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.